ОМД: Време е за трезвено преиспитување на Охридскиот рамковен договор, треба да се укинат етничките квоти

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја повикува Владата да ја откаже прославата и да ги пренасочи средствата за спасување на животи и имот од катастрофалните пожари и пандемијата и да ги истражи пропустите на Охридскиот рамковен договор (ОРД) и искрено да се потруди да ги поправи.

„Владата треба да ги укине етничките квоти. Секоја влада од 2001 наваму на еден или на друг начин ја признала преобразувачката улога на ОРД врз македонското општество без да поттикне искрен разговор на сериозните недостатоци на истиот. На пример, концептот на позитивна дискриминација, што требаше да ги намали етничките нееднаквости во државното вработување и во други сектори, грозно се злоупотреби. Наместо да се поддржи вработување на разнолик и образован кадар, ОРД се искористи за полнење на државните работни места со работници-духови – луѓе кои се вработени на хартија и кои примаат плата од буџетот, а не вршат никаква дејност. Практиката на етнички квоти мора итно да се запре!

Треба да се промовира интеграција во образованието. Како резултат на договорот, многу реформи беа донесени за да се зголеми пристапот кон образование на мајчин јазик на малцинствата. Покрај основното и средното образование, Владата отвори нови универзитети каде наставата се одвива речиси исклучиво на албански. Најмалку една генерација на млади Албанци израснаа без никакво суштинско познавање на македонскиот јазик или контакт со нивните врсници Македонци. Ова доведе до зголемено недоразбирање меѓу двете етнички заедници и зголемување на меѓусебната недоверба и непријателство. Владата треба да промовира интегрирачки политики, а не да ги одделува младите Албанци и Македонци.

Меѓу Македонците има чувство дека ОРД се користи како изговор за донесување на еден збир на правила за Албанците, а друг, многу построг збир, за сите други. Оваа идеја е поддржана од фактот дека главните виновници за немирите во 2001 (терористи на УЧК), се правно амнестирани со посебен закон и никогаш нема да се соочат со правдата. Исто така, има докази дека Владата има малку или никаква контрола во однос на полициски и даночен надзор во областите со мнозинско албанско население. Така што, Македонците чувствуваат дека само тие плаќаат даноци и ги почитуваат законите, додека нивните сограѓани Албанци може да прават што сакаат без казна.

Накратко, нема што да се слави на 20 годишнината од ОРД. Владата треба да ги истражи пропустите на ОРД и искрено да се потруди да ги поправи. Тогаш, и само тогаш, ќе може да мисли за славење на јубилеи“, се вели во соопштението на Обединетата македонса дијаспора.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе