Реакција

ОМД: Северна Македонија не е нашата Татковина

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение реагираше на усвојувањето на уставните измени и прифаќањето на името Република Северна Македонија, нарекувајќи го „насилие зад превезот на демократијата”.

„Со евидентно насилие прикриено зад превезот на демократијата, уставните измени предвидени со Преспанскиот Договор со кој Република Северна Македонија се издига врз падот на Република Македонија, остварија дво-третинско мнозинство од 81 глас ‘за’ во третата финална фаза на 75-тата седница во Собранието на Република Македонија. 

Додека меѓупартиското тргување со амнестии, меѓународните притисоци и бескомрпомисното самоволие на власта испорачаа резултат во сечиј интерес освен македонскиот, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) потсетува дека земја без идентитет, интегритет и суверенитет не подлежи на просперитет, а најмалку не на евро-атлантски”, пишува во реакцијата на ОМД. 

Претседателот на ОМД, Методија Колоски рече дека денес е историски ден за Македонија, но не поради стапувањето во сила на Преспанскиот Договор, туку поради „издвојување на македонскиот народ како единствен народ кој се самоукинал и самоволно се откажал од фундаменталното право на самоопределување“. 

Според претседавачот на ОМД, Стојан Николов, пак, порано или подоцна,  вистината и правдата ги стигнуваат оние кои им пркосат. 

„Битката е изгубена, меѓутоа борбата допрва почнува. Имаме должост да ја пренесеме македонската историја и идентитет до идните генерации, како тие би можеле да го повратат она што ние го изгубивме денес. Секогаш Република Македонија, Никогаш Северна!“, порача Николов.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе