Реакција

ОМД против бришењето на химната „Денес над Македонија“ од школските учебници

Обединета македонска дијаспора (ОМД) ја осудува владината одлука за вадење на македонската химна од школските учебници по основно образование. Химната е значаен столб на државноста, и изучувањето на државната химна во основните училишта суштински ги обединува младите генерации, без разлика на нивната етничка припадност, се вели во соопштението на ОМД.

„Интонација и изучување на државната химна е обележје на повеќето демократски држави во Европа и светот, каде особен акцент е ставен на обединување на сите граѓани зад заедничкиот идентитет и лојалност кон државата во која живеат. Особено загрижувачки е фактот што одлуката за иземање на химната беше донесена после надворешените притисоци кои ја доведуваат во прашање сувереноста на Македонија. Јавен притисок врз македонските власти вршеа поддржувачите на Тиранската платформа, кои директно побараа промена на химната во 2017, како и Грција и Бугарија, кои повикаа на изземање на македонскиот идентитет од државните обележја, вклучувајќи ја и химната.

Неодамна, за време на изведбата на „Денес над Македонија“ во Амбасадата на САД по повод 4 Јули, Тамара Тодевска намерно или ненамерно изостави значителни делови од химната. Овие постапки ги поттикнуваат сомневањата дека прво погрешната интонација, а второ иземањето на химната од школските учебници, се насочени напори кон менување на државните симболи и комплетно поткопување на македонскиот идентитет“, соопшти ОМД и додаде дека очекува враќање на химната во школските учебници во најкратко можно време. 

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе