ОМД: Незаконски е иселеникот да може да се попише само со изјава на член на семејството

Предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства и презентирање на нивниот единствен матичен број, како компромисно решение за одлуката пописот сепак да содржи графа за етничка припадност, според Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е обид за интервенција во статистичката операција која првенствено служи за креирање на интерни политики и развојни стратегии на една земја.

За ОМД, не само што начинот на регистрација на иселеникот преку изјава на член од семејство е спротивно на Законот за заштита на лични податоци и Законот за попис на населението и домаќинствата во Република Македонија, туку начинот на попишување на дијаспората воедно претставува обид за интервенција во демографската слика на земјата, што воедно е непозната меѓународна пракса.

Во време кога промената на името на Република Македонија го предизвика најголемото разочарување помеѓу дијаспората од македонска етничка припадност, поради што истите негодуваат да ги обноват своите документи или влезат во регистерот на Република (*******) Македонија, предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства, според ОМД би можело да резултира со нереална и манипулативна демографска слика на земјата.

Предлогот за регистрација на иселениците во дијаспората на претстојниот попис преку изјава на член на нивните семејства, според ОМД е во прилог на сите други етнички припадности во дијаспората кои бележат помал сентимент во врска со промената на името, освен македонската.

ОМД апелира до владината коалиција, опозиција, граѓански сектор, жители на Република Македонија и нејзината дијаспора, да се придржуваат до меѓународните практики во спроведување на пописот регулиран со законот за попис на населението и домаќинствата во земјата, единствено во интерес на нејзината реална демографска состојба која има за цел да послужи во креирањето на интерните политики и развојни стратегии.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе