OMД: Кому му смета македонската дијаспора, зошто некој сака да ја исклучи од избирачкиот циклус?

Македонските граѓани ширум светот бурно реагираа на случувањата поврзани со организирањето на избори за време на пандемијата ковид-19. Неодамна реагиравме за низата пропусти направени од Државната изборна комисија (ДИК) во врска со оневозможувањето на регистрација во избирачкиот список на голем број македонски граѓани со живеалиште надвор од Македонија. Иако формално се обративме до ДИК, до ден денес немаме добиено никаков одговор на прашањата за начинот на спроведување на изборите во дијаспората. Дали некој ќе сноси одговорност за гувеењето на институциите, прашува , Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

„Зачудувачки е фактот што во интензивните преговори за изборен датум, никој не ја споменува дијаспората. Се прашуваме дали и на кому му смета ОМД и македонските граѓани ширум светот? Дали и зошто некој се противи да се регистрираат гласачите во избирачкиот список и да го остварат нивното уставно загарантирано право на глас? 

Иако Македонија се декларира како демократска држава, македонските граѓани ширум светот се чудат како може едно човеково право да им се ускратува. Дали е на повидок ново политичко уредување и дали нашата земја сака да биде позната како земја која не ги почитува основните човекови права загарантирани на национално, европско и светско ниво?

Апелираме до властите во Македонија, до најголемата опозициска партија, како и до останатите политички партии и субјекти во државата дека македонските граѓани надвор од Македонија по никоја цена не смеат да бидат исклучени од овој избирачки циклус. Дијаспората е еден од двигателите на македонската економија, најдобар промотор на Македонија во светот, и заслужува да биде дел од избирачкиот процес.

Исто така, зачудувачки е фактот што во услови на пандемија и светска здравствена криза, властите во Македонија настојуват да ги спроведат изборите на штета на здравјето на македонските граѓани. На кому му се брза да се спроведат избори? Кој сака да најде изговор дека гласањето во дијаспората не може да се спроведе заради ковид-19?

Ги прашуваме лидерите на политичките партии и претседателот Пендаровски, како во услови на развиена технологија и модерен принцип на функционирање на светот, македонските власти не можат да обезбедат гласање по електронски пат и/или пошта?

Дали е ова уште еден начин да им се ускрати избирачкото право на македонските граѓани, а со тоа да им се одземе можноста слободно да се изјаснат за тоа кој ќе ја води земјата“, се вели во соопштениетона Обединетата македонска дијаспора.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе