Светски ден на бегалците

ОМД ја повикува Грција да ги укине законите од 1982 и 1985 година

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) по повод Светскиот ден на бегалците ја повикува Грција да го укине Законот за амнестија од 1982 година со кој се исклучуваат грчките граѓани од македонска етничка припадност, како и законот донесен во 1985 година со цел да се вратат одземените имоти, но само на „Грците по род“.

„По крајот на Втората светска војна, за време на Граѓанската војна во Грција, која траеше од 1944 до 1949 година, илјадници Македонци беа насилно протерани од грчките воени сили од северна Грција (Егејска Македонија). Повеќе од 44.000 македонски деца бегалци (на возраст меѓу 2-14 години) беа раселени и преместени по локации како Скопје, Белград, Будимпешта, Прага, Букурешт, па дури и подалеку - Москва, Варшава и Ташкент. Денес, нивните потомци престојуваат во Австралија, Канада, САД, Полска, Унгарија, Чешка, Германија и други земји.

Тие што се бореа против грчката влада во егзил, против контролата на Грчката православна црква и грчките монархистички сили за време на Граѓанската војна, беа лишени од грчко државјанство и имот и на крајот им беше одземено и правото да се вратат во татковината. Како резултат на тоа, децата бегалци сè соочија со константна дискриминација од страна на грчката влада, кулминирајќи во 1982 година кога грчкиот парламент го донесе Законот 1540 со кој се даде амнестија и репатријација на сите политички бегалци кои заминаа за време на Граѓанската војна, но не и за грчките граѓани од македонската етничка припадност.

Грчката влада им забрани на децата бегалци да се вратат во Грција затоа што нивната цел беше да ја населат територијата на Егејска Македонија во Грција со „чисти“ Грци. Ова не само што укажува на непочитување на основните и меѓународно загарантираните човекови права, туку исто така покажува основно занемарување на човековото достоинство, покажувајќи и недостаток на сочувство. Децата бегалци биле присилени да растат раселени од домовите, семејствата и пријателите.

На овој Светски ден на бегалците, ја препознаваме долгата борба на Македонците за основните човекови права како што се слободата на здружување и етничката припадност, без оглед каде живеат во светот. Особено, ја признаваме траумата на децата бегалци и ги повикуваме демократските влади да одговорат на конструктивен начин и да помогнат во нивното лекување“, се вели во соопштението на ОМД.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе