ОМД ја осудува одлуката на ЕУ за одложување на датумот за преговори, бара измени во Изборниот законик

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осудува одлуката на европските лидери повторно да ја блокираат кандидатурата на Македонија за полноправно членство во унијата. Оваа одлука е голем удар врз надежите на Македонија за интеграција во ЕУ. Наместо да го исполнат своето ветување за доделување на датум за преговори, европските лидери одлучија повторно да ни го завртат грбот. Со ова, европската заедница ја става иднината на македонската држава под знак прашалник, се вели во соопштението на ОМД.

„И по 14 години кандидатски статус, Македонија нема доживеано никаков напредок кон полноправно членство во унијата. Дури ни продавањето на националните вредности и националниот идентитет не беше доволно. Пожртвуваноста на македонскиот народ и овој пат не беше доволна за ЕУ конечно да го придвижи пристапниот процес. Оставени во неизвесност, Македонците ширум светот се понижени и истоштени од радикалните националистички барања на соседните држави за промена на македонскиот идентитет и историја.

Но една работа е сигурна: во месеците што претстојат, Македонија мора да го обнови своето национално ткиво, и мора да ги реши сите институционални проблеми.

Во периодот пред нас, Македонија мора да се посвети на домашните приоритети, како што се борбата против корупција, владеењето на правната држава, гарантирањето на политички права и слободи, и реафирмација на посветеноста кон промоција на демократското владеење.

Предвремените парламентарни избори во април 2020 се шанса за Македонците, во еден слободен и демократкски процес, да гласаат за својата иднина. Со оглед на тоа што решеноста за пристапување во европската заедница останува силна, Македонците заслужуваат лидерство кое го почитува и го заштитува македонскиот национален интерес, истовремено подобрувајќи го демократското владеење во нашата земја.

ОМД се надева дека претстојните парламентарни избори ќе служат како поттик за промени во изборниот законик. ОМД ја поддржува иницијативата за спроведување на модел со една изборна единица и отворен изборен список, што ќе овозможи демократизација на системот на репрезентативност. Спроведувањето на таквиот систем ќе ѓи примора парламентарците да му служат на народот, да бидат поблиску до граѓаните, и да го бараат својот легитимитет не од партиските редови, туку од гласачкото тело. Во исто време, ОМД се надева дека властите ќе го прочистат избирачкиот список, и навремено ќе ѓи имплементираат сите неопходни мерки за спроведување на слободни и фер демократски избори“, се вели во соопштението на ОМД.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе