Време

Облачно и посвежо

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрод 22, Битола 23, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 26.

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, а во деновите од викендот стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе