Обединети за Македонија бара Мицкоски да му се извини на Бошкоски, па после да зборува за хајки

Денес имавте храброст од името на ДПМНЕ да кажете дека е време да се фатиме за работа и за борба против политичката хајка на неистомислениците, пишува во соопштението од Обидинети за Македонија по денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Кога зборувате за срамен процес и за политичка хајка и не нарекувате комунистичка власт, да ве потсетиме за вашата хајка против претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Го помните 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори? Апсењето и пресудата е третирано како политички мотивирано од повеќе домашни и меѓународни релевантни организации, вклучително и во извештај во Стејт Департментот. Дали ги помните јавните изјави на некои таканаречени новинари кои кажаа дека се радуваат што е уапсен? Се смееле и се радувале? Вие немате легитимитет да зборувате и дискутирате за т.н. политички хајки и т.н. монтирани процеси. Вие уште пред неколку години ја докажавте вашата доктрина и спроведени акции против неистомислениците.

За да може да зборувате за некакви хајки против неистомислениците,  прво треба да признаете дека вашиот претходник Груевски водеше  политички прогон против неистомислениците, не само против Љубе  Бошкоски, но и против голем број луѓе, поголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Извинeте се на Љубе Бошкоски и признајте ги политичките прогони кои ги вршевте во вашето десетгодишно владеење, оградете се од политиката на Груевски, па после коментирајте за овогодинешните случувања”, пишува во соопштението од Обединети за Македонија.

 

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе