ВМРО-ДПМНЕ

Николовски го повика МВР да реагира на заканите по живот врз Мицкоски од радикални исламистички структури

После поддршката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за правото на самоодбрана на државата Израел видовме дека се случуваат едни големи и организирани напади кон него од страна на радикални исламистички структури кои што се закануваат по однос на неговиот живот и животот на неговото семејство, а од МВР не видовме никаква реакција со цел да го заштити претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство, рече Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој направи и паралела за, како што вели, двојните аршини на МВР, и како министерството под водство на Спасовски во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев нема реакција.

„Во едни многу, многу поблаги ситуации кога обичен човек ќе го искритикува на пример Зоран Заев или ќе напише нешто за него на фејсбук, полицијата влегува во домовите на граѓаните, врши претрес во нивните домови, им одзема лаптоп и мобилни телефони, а тука, каде имаме директни закани по однос на животот и безбедноста нема никаква реакција“, изјави Николоски.

Тој го повика МВР да реагира, во спротивно, рече „тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно“.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе