ВМРО-ДПМНЕ

Николов: Тендерот за нов клинички центар ја ограничува конкуренцијата на пазарот

Триото Заев-Дончев-Филипче продолжуваат да го деградираат здравствениот систем. Од новиот Клинички центар нема абер, а стариот се распаѓа. Кога се распишуваше тендерот за новиот клинички центар во вредност од половина милијарда евра, предупредивме дека станува збор за најголемата кражба во независна Македонија. Помина месец дена откако трае и рокот за доставување понуди. Самите компании кои се заинтересирани,  најдоа забелешки. Незавршен тендер и во истиот има и многу фалинки, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Николов

„Една од заинтересираните фирми поднесе жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Оваа државна институција му вели на министерот за здравство, Венко Филипче, тендерот не чини, треба да се смени како што кажуваме. Заклучокот е дека тендерот и условите во тендерот ја ограничуваат конкуренцијата на пазарот.

И веќе има и епилог. Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по службена должност согласно Законот за јавните набавки утврди постоење на битни повреди. Комисијата утврди дека  делови од тендерската документација, не се во согласност со Законот и истата води до дискриминација на фирмите или ограничување на пазарна конкуренција.

И сега бидејќи се покажа дека Министерството за здравство и министерот Филипче не сакаат да ги направат тендерите според правните норми, Државната комисија им објаснува што треба да направат. До 20-ти месецов, сѐ уште траат роковите за измени на фаличниот тендер, Филипче треба и да го промени, според сугестиите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Од Министерството за здравство се должни се да одговорат дали со новиот Клинички центар планираат да направат и нов МЕГА Глобал, но овој пат во Скопје“, рече Николов.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе