ВМРО-ДПМНЕ

Николов: Филипче да нарача физибилити студија за функционалноста на неговото министерство и да даде оставка

Венко Филипче, тендер министерот за физибилити студии покажува дека освен за богатење на компании блиски до СДСМ и до Владата не се занимава и не го интересира ништо друго и не го интересира здравјето на граѓаните. Деновиве се соочуваме со врвот на епидемијата на морбили. Бројката на заразени и оние кои што ги манифестираат симптоми го достигнува максимумот, а од Министерството за здравство единствено се зборува за некакви физибилити студии, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Николов изјави дека министерот за здравство Филипче досега покажа само способност за некакви сомнителни тендери и некакви физибилити студии за таканаречено јавно приватно партнерство во кое што услугите од јавното здравство се пренесуваат во приватното здравство.

„Мандатот на тендер министерот за физибилити студии помина во знакот на изработка на тендерски документации, на физибилити студии од кои што не се добиваат никакви информации и се само обид за прелевање на народните пари во приватни компании и приватни болници. Последен од низата сомнителни тендери што тежи околу 14 милиони евра за стерилизација, е оној за стерилизација на хируршките инструменти и материјали. Повторно се отвора прашањето дали ова е пат за отворање на корупцијата и пат за отворање на криминал во секторот здравство“, речеНиколов.

Неделава министерот Филипче ја информираше јавноста за некаков план за  приватизација на здравството, за физибилити студија за ПЕТ центарот, физибилити студија за Итната медицинска помош и ин витро фертилизација на Клиниката за гинекологија и акушерство. „Единствено не добиваме никакви информации до каде е проектот за новиот клинички центар, каде ќе биде лоциран и кога мислат и планираат да ја информираат јавноста за тоа.  Министре, должни сте да одговорите на граѓаните. До кога ќе се даваат пари за физибилити студии, до кога ќе чекате и ќе чека министерството извештаи од овие физибилити студии за да види дали треба нешто да работи? Ова однесување покажува само едно – покажува лош менаџмент, очекување друг да ја заврши работата, грижа за лични интереси и негрижа за граѓаните.

Го повикуваме министерот за физибилити студии да спроведе физибилити студија за функционалноста на оваа Влада и прв да ја понесе  најавуваната метла почнувајќи од себе и сѐ друго во министерството за здравство“, рече Николов.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе