Последната трагедија гна нозе го крена целиот свет, додека во нашата држава никој не чуствува никаква одговорност за животите на 45 граѓани, а ниту пак чуствуваат одговорност за повредените кои треба да се залечат од повредите и психичкиот шок, реагира партијата.
„И во оваа трагедија, како и во минатите, на виделина излегоа скандалозни дејства. Еден автобус којшто се движи низ регионот без потребната дозвола, неевидентиран во електронскиот регистар и со дозволено движење од царината и граничната полиција. И сето ова заврши само со одземање на дозволата на компанијата и отпуштање на двајца цариници. Одговорност во овој случај треба да сносат тие што до ден денес ги немаат следено и ја немаат проверувано работата на превозниците, иако претходно ја имавме трагедијата кај Ласкарци каде што исто така имаше жртви и исто така беше констатирано дека има злоупотреби и скандалозни технички пропусти“, наведува Алијанса за Албанците.
Партијата нагласува дека како за Ласкарци, така никој не понесе одговорност ниту за 14-те жртви во модуларната болница во Тетово, каде што исто така министерот и заменик министерот за здравство и директорот на болницата во Тетово продолжуваат со работа иако беа констатирани пропусти и злоупотреби.
жНеодговорноста на високите функционери на државата, криминалот и корупцијата во институциите, граѓаните ги плаќаат со живот, со болка и со трагедии што не се паметат од независноста на државата, нагласува Алијанса за Албанците.