Нови дивоградби

Нефи Усеини не е под заштита на УНЕСКО, но е силно чуван од коалицијата СДСМ-ДУИ

УНЕСКО веќе предупреди дека Охрид може и да не биде повеќе под нивна заштита, но градоначалникот Константин Георгиевски не се откажува од советникот на ДУИ Нефи Усеини и неговите дивоградби. Усеини е очигледно под директна заштита на градоначалникот. Тој освен дивоградбата во заштитениот дел од градот, гради уште една, база за бетон на брегот на Охридското Езеро, во појасот за кој УНЕСКО вели дека се строго забранети градежни активности што го нарушуваат крајбрежјето.

Во Охрид очигледно е дека никој ништо не му може на советникот на ДУИ Нефи Усеини. Тој не е под заштита на УНЕСКО, но очигледно е под силна заштита на коалицијата СДСМ-ДУИ. Сите новинарски истражувања за дивоградбата на државно земјиште кај Чинарот, во заштитениот дел од градот, завршија со неговата закана „Ма иди у п...у матер. Мамицата да ти ја е..м! Која дивоградба п.....“.

Иако од општинските органи беше утврдено дека градежните активности на летната тераса во центарот на Охрид се изведуваат без довола, се издаде решение и за уривање, но тоа не го спречи инвеститорот Усеини да си ја заврши работата.

Додека Усеини ја гради новата дивоградба, градоначалникот Георгиевски распишува тендер за фирма за уривање на дивоградби за потребите на општината, која би требало да ја урне и првата дивоградба на советникот на ДУИ.

Локалните медиуми оваа толерантност на градоначалникот Георгиевски ја толкуваат со предизборниот меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за поддршка на неговата кандидатура за прв човек на општината.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција од инспектор од Скопје за попречување на инспекцискиот надзор на дивоградба во заштитеното јадро на Охрид. И по речиси еден месец никој не го гони Усеини.

Охридското oбвинителство води две постапки против советникот за напад на службени лица, но никој не го гони за неговите дивоградби.

Пред еден месец, советникот од ДУИ, Нефи Усеини, го натепал и својот колега од Беса, Џелал Мена, за време на седница на Советот на општината.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на брегот на Охридското Езеро, на стариот пат Охрид – Струга, се привршува изградбата на бетонската база во сопственост на Усеини. И овој објект е дивоградба, без потребните дозволи од општината и без еколошка дозвола од Министерството за заштита на животната околина.

Нефи Усеини

И за овој објект од општината велат дека бил направен увид, донесен бил заклучок за отстранување на нелегалната градба затоа што за објектот нема издадено никаква дозвола од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште ма општина Охрид. И пак ништо. Gрадоначалникот и натаму ја толерира изградбата на бетонската база на Усеини.

Појасот покрај езерото, крајбрежјето е под заштита на УНЕСКО, а тоа значи дека изградбата на вакви објекти е строго забранета. Неофицијално, парцелата на која се гради базата е во сопственост на Исламската верска заедница.

Од општината велат дека се запознати со овој проблем и дека ќе реагираат. Охриѓани се шалат - ќе реагираат како што реагираа за објектот кај Лагадин, за минарето од џамијата, за летната тераса на Усеини...

А.Д.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе