Реакција

Народна банка: Навремено ги известувавме државните органи за Еуростандард банка

Народната банка и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, целосно ги отфрлаат неточните наводи и квалификации во соопштението на Здружението на штедачи за начинот на постапување на Народната банка и гувернерката во случајот на „Еуростандард банка".

„Народната банка, врз основа на наодите на супервизорските тимови, има изречено голем број супервизорски мерки кои биле соодветни на состојбите во банката. Конкретно, од 2013 година, па сѐ до одземањето на дозволата во август 2020 година, изречени се околу 70 супервизорски мерки.

Само во последните две години, откако гувернерката Ангеловска-Бежоска ја извршува оваа функција, изречени се околу 40 супервизорски мерки. Напоменуваме дека Народната банка не одобрува кредити, туку тоа го правеле органите на „Еуростандард банка“. Токму поради констатиран зголемен кредитен ризик од кредитите одобрени од овие органи на Банката, за да го заштити нејзиниот биланс, Народната банка побара да се изврши докапитализација на Банката. Исто така, побарана и направена беше целосна промена на органите на Банката.

Не е точно тврдењето дека Народната банка и гувернерката имале докази за перење на пари од страна на Банката и за тоа не ги известиле надлежните органи, како и дека тоа првпат е сторено по затворањето на Банката. Напротив, Народната банка за сите индиции во овој домен навремено ги известила државните органи кои имаат надлежност и експерти за утврдување и натамошно постапување.

И во оваа прилика потсетуваме дека сите релевантни меѓународни финансиски институции и домашни експерти посочија дека Народната банка, како професионална и независна институција, во случајот на „Еуростандард банка“, постапила соодветно и навремено“, се вели во реакцијата на Народната банка.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе