Од владината седница

Најавено заострување на критериумите за избор на членови во управните и надзорни одбори

Владата утврди текст за измени на Законот за установите, како што е нагласено, кој е сообразен со планот за борба против корупцијата, а со кој е предвидено да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните установи, воведување на транспарентност во постапката за пријавување и селекција, како и намалување на бројот на членови во овие одбори.

„На предлог на Министерството за финансии, како што посочуваат од владината прес-служба, утврден е и текстот на предлог-законот за финансиска стабилност со цел да придонесе кон одржување на стабилноста на финансискиот систем во целина, да го спречи и да го намали кумулирањето на системските ризици, да ја зајакне отпорноста на системот, да обезбеди одржлив придонес на финансискиот систем кон економскиот раст и да постигне усогласување со Регулативата (ЕУ) бр.1092/2010 за макропрудентен надзор на финансискиот систем на Европската Унија и формирање Европски одбор за системски ризик“, вели владината прес-служба.

Законот, чие донесување се предлага треба да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем и поголема сигурност и еднаквост на финансиските субјекти, се наведува во соопштението.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе