Иницијативен одбор за свикување вонреден конгрес

На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер како Мицкоски кој бега од круцијалните одлуки

На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од клучните одлуки и се плаши да се соочи со своите сопартијци кои го избрале, потенцираат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес  и велат дека доколку сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски смета дека добро ја извршувал функцијата која му ја делегираа членовите на валандовскиот конгрес, тогаш треба да одвои еден ден и да се соочи со нив и да прифати одржување конрес идниот месец.

„Сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе став и избега од референдумот, оставајќи го народот сам да одлучи дали ќе гласа или ќе бојкотира. Сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе цврст став за пописот и да ги повика граѓаните да учествуваат или да бојкотираат, оставајќи ги сами да одлучуваат дали ќе ги примат попишувачите во своите домови. Сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да излезе на изборите во Штип каде што најавуваше дека се брани Македонија. Избега од изборно соочување и ги остави граѓаните да одлучуваат меѓу кандидатите на СДСМ и помалите политички партии", велат од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и заклучуваат дека на партијата не ѝ треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки.

На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој се плаши да се соочи со своите сопартијци кои го избрале, потенцираат од Одборот и велат дека доколку сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски смета дека добро ја извршувал функцијата која му ја делегираа членовите на валандовскиот конгрес, тогаш треба да одвои еден ден и да се соочи со нив.

„Доколку Мицкоски смета дека ја има поддршката од мнозинството членови тогаш на 28 март, недела, не треба да оди на Водно, туку треба да се појави пред делегатите кои му ја доверија партијата и да даде отчет за сработеното. 367 делегати кои гласаа за него во Валандово, не очекуваат да бидат јавно навредувани, туку очекуваат Мицкоски да се појави на вонредниот конгрес и да објасни во кој правец се движи партијата", повикуваат од Иницијативниот одбор.

Вонредниот конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочуваше партијата и да се зборува за иднината на ВМРО-ДПМНЕ и е можност за сплотување на партијата и промени кои ќе донесат нова енергија, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор за свикување на конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе