По повод Денот на независноста на Албанија

На видеоврска Тирана, Приштина и Скопје

По повод Денот на независноста на Албанија, денеска преку видео конференциска врска разговарале министрите за надворешни работи на Македонија, Косово и Албанија, Бујар Османи, Мелиза Харадинај–Стубла и Гент Цакај.

„Упатувајќи срдечни честитки до албанскиот хомолог Цакај, на овој убав настан за државата Албанија и албанските граѓани, министрите Османи и Харадинај-Стубла, искажаа задоволство за степенот на соработка меѓу трите пријателски држави и взаемната посветеност на градење на добрососедски односи, како гаранција за стабилна и просперитетна европска иднина на регионот во целост", соопшти министерството со кое раководи Османи.

Соговорниците се согласиле да продолжат „со позитивниот тренд во односите и соработката, потенцирајќи дека солидарноста, меѓусебното разбирање и поддршката се темели врз кои може да се градат долгорочни хармонични односи и партнерство“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе