На средба со „Македонија 2025“ Мицкоски ја критикуваше Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес имал средба со  претставници на организацијата „Македонија 2025“, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни за напредокот на Македонија.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажал дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.

„Граѓаните сѐ повеќе осиромашуваат поради оваа влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања. На Република Македонија ѝ е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната“, изјавил Мицкоски.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе