Реакција на интервју за Гласот на Америка

На изјавите на Апасиев по СДСМ реагира и ДУИ: Се разоткри проруската стратегија

„Димитар Апасиев, како коалиционен партнер на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, но и на Алијанса и Беса во коалицијата '61', денеска ја обелодени проруската стратегија за заедничките протести како опозиција, за спречување на членството на Северна Македонија во Европската Унија. Барајќи други алтернативи за промена на стратешкиот курс на земјата и заробување на патот кон европската интеграција“, реагира ДУИ по изјавите на лидерот на Левица за Гласот на Америка, според кого ЕУ, во време на тектонски стратегиски поместувања, не е единствената алтернатива.

Aли Ахмети, Артан Груби и Димитар Ковачевски

Демократската унија за интеграција од петти ноември минатата година ја осуди руската дестабилизирачка агенда зад коалицијата „ново мнозинство 61", а истото денес се потврдува, се вели во реакцијата на ДУИ и се нагласува дека опозицијата треба да се изјасни кои се новите алтернативи што им се нудат на граѓаните.

„Дали ги споделуваат своите ставови со коалициониот партнер, Левица за евро-азиското партнерство?“, ја прашува ДУИ опозицијата.

Преку соопштението ДУИ ги повикува сите политички чинители во земјата да се оградат од овие „скандалозни ставови и насилни антиевропски протести поттикнати од проруски елементи во земјата“.

ДУИ смета дека „прогресивните сили ќе го финализираат најголемиот проект на Северна Македонија, интеграција во Европската Унија, како единствена алтернатива за земјата“.

Легенда под Главна слика

Aли Ахмети, Артан Груби и Димитар Ковачевски

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе