По соопштението на опозициската партија

МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ: На Радоје Звицер не му е издаден македонски пасош

Министерството за внатрешни работи  соопшти дека „најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер му бил издаден македонски пасош“.

„Потсетуваме и дека случајот 'Двојник' е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“, се вели во соопштението од МВР.

Утрово ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение во кое се вели дека според Европол, а што било потврдено од српското МВР, потенцијален атентатор врз претседателот на Србија Александар Вучиќ бил Радоје Звицер, за кого во соопштението ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека е лице на кое му бил издаден македонски пасош.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе