Состанок за реформите во образованието

МОН: Безрезервна поддршка ѝ искажаа на Царовска директорите на училиштата

На средба со Здружението на директори на училиштата минстерката за образование Мила Царовска добила безрезервна поддршка за концептот на реформите во образованието, пишува Министерството за образование и наука во соопштението за јавноста.

Министерството за образование соопшти дека министерката Мила Царовска одржала состанок со Здружението на директори од основни и средни училишта, на кој било разговарано за одвивањето на наставата во второто полугодие, како и за концептот на реформи.

Во соопштението се вели дека Царовска добила „безрезервна поддршка на реформите" и дека „целосно и посветено ќе се вклучат во целиот процес на имплементација".

Министерката за образование и наука Мила Царовска кажала дека со реформата за првпат учениците се ставаат во фокусот на образованието, а наставниците се клучната алка во наставата.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе