Реакција

МО: Армијата не заслужува блокада од партиски интерес, а 2.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ значат токму блокада

Бројот на поднесени 2.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ на измените на Законот за служба во Армијата кој има само 15 члена, покажува дека единствената намера е токму блокирање на Законот, а со тоа и блокирање на неколку одлични решенија за Армијата на кои чекаат многу нејзини припадници и нивните семејства, реагира Министерството за одбрана (МО) на изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани ја блокира шансата за отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината на служба во Армијата на војниците со навршени 45 години возраст. Тоа е блокада на можноста за војниците по завршувањето на службата, да добијат отпремнина од околу 25.000 евра, што за прв пат ја предвидуваат овие измени на Законот. Тоа е блокада за новиот почеток на оваа категорија припадници на Армијата, кој тие и нивните семејства со нетрпение го очекуваа“, велат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека потегот на ВМРО-ДПМНЕ значи блокада и на подобрите услови на пензионирање за воените лица, на кои тие 11 години не помислија туку ги испраќаа во предвремена пензија под најнедостоинствени услови, како и блокада за можноста за стипендирање на дефицитарни кадри кои ќе значат многу за капацитетите на Армијата и ќе ја градат нејзината иднина.

„2.000 амандмани значат јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад злоупотребата и партизацијата на Армијата, бидејќи блокираат законско решение со кое ставаме крај на злоупотребата на позицијата воено лице во партиски цели“, се додава во соопштението. 

Од МО ги повикуваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ да не им ги одземаат шансите на војниците и идните воени пензионери кои со нетрпение ги чекаат измените на Законот кој им носи само поволности, и да не се противат на можноста за јакнење и политичка неутралност на Армијата, а Армијата не заслужува блокади од партиски интерес.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе