МНР: Тројцата македонски државјани на крузерот во Јокохама во добра здравствена состојба

Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес" во пристаништето во јапонскиот град Јокохама се во добра здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. 

Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето во Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран новиот коронавирус.

Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess" во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот.

Бројот на случаи со коронавирус на бродот, кој е во карантин, се зголеми на 130, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на извор од јапонското Министерство за здравство. На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.

Од коронавирусот досега починаа 910 лица, од кои 908 во Кина, а заразени се над 40.000. Поголем дел од смртните случаи се во кинескиот град Вухан, каде почна епидемијата.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе