МНР препорачува да не се патува во Русија, а кој е таму да се врати

Министерството за надворешни работи денеска информира дека сѐ уште важи апелот од 28 февруари годинава до државјаните на земјава доколку се во можност да ја напуштат Русија, воедно апелира до граѓаните да се воздржат од патуваање во таа држава.

„Ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата“, потсетува МНР на своето старо соопштение во кое беше наведени и дека ги повикува нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација да ги искористат расположливите комерцијални летови и копнени линии за напуштање на земјата.

МНР потсетува дека апелот е базиран на одлуката на ЕУ и на други европски земји, меѓу кои е и Македонија, за затворање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.

Од МНР посочуваат дека за поддршка на државјаните на земјава кои се наоѓаат во Русија на располагање се телефонските броеви во нашата Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен) и + 79 58 643 34 63 (мобилен), како и и-мејл адресите: [email protected] и [email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: [email protected]

„Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани“, се додава во соопштението на МНР од февруари годинава.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе