ММДЧП: Нелегалниот Преспански договор ги избриша и Македонците од Егејска Македонија

Соединетите Американски Држави, Европската Унија и западните држави ја принудија Република Македонија да си го смени името во „Северна Македонија“, а сите Македонци ги тераат да си го сменат идентитетот во „северномакедонци“. Во тек е принудно менување на македонската историја – вклучително и печатење на нови учебници и наставни програми – сето тоа со цел да се задоволат барањата на Грција, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

„Промените на нашата историја мора да бидат „одобрени“ од Грција, земја во која отворено се слави бришењето на Македонците. Сето тоа во рамките на анти-македонскиот, про-западен 'Преспански договор'.

Македонците ученици веќе нема да учат дека македонските херои биле Македонци. Ќе им биде кажано дека тие се „бугарски“. Ќе бидат учени дека древните Македонци биле „Грци“. Двете тврдења се и смешни и трагични. Нема да смее да се учи за поделбата на македонската територија во 1913 година меѓу Србија, Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија. Сите овие земји вршеа кампањи за етничко чистење на оригиналното македонско население. Името Македонија се негираше и брутално се бришеше. Особено во Грција, која го забрануваше името Македонија, а од неодамна почна дури и со кампања со која инсистира дека името е нивно.

 Но зошто? Грчките водачи признаваат дека овој шокантен пресврт во нивната пропаганда беше организиран за полесно да се негира вистината за систематското прогонување на македонското малцинство од грчка територија. Идејата е дека, ако угнетувачот го контролира името на угнетуваниот, може да го негира угнетувањето. А Западот безгласно го прифаќа овој план.

Кој е интересот на Западот што го овозможува културолошкиот геноцид што го врши Грција? Грција најави дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО се додека не го смениме името. Западот одбра да ги следи своите империјалистички интереси и да го прошири НАТО, а со тоа да го дозволи грчкиот културолошки геноцид – на сметка на една цела етничка група – на Македонците.

Погледнете го ова видео.

Ова е македонскиот илинденски фестивал во Овчарани, Егејска Македонија, каде илјадници Македонци се собираат секоја година да ја прославуваат својата македонска култура и историја. Но, според членот 7(2) од илегалниот „Преспански договор“, на овие Македонци не им е дозволено да постојат, додека изразите „Македонија“ и „Македонци“ стануваат сопственост на Грција. Македонците претрпеа повеќе од еден век угнетување од страна на Грција, само затоа што се Македонци, и според грчките закони им е забрането да се декларираат како Македонци. Сега, со 'Преспанскиот договор', кој беше наметнат од Западот, грчкиот анти-македонски расизам е официјализиран“, се вели во соопштението на ММДЧП и се повикува на спречување на промената на името.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе