Канада

ММДЧП: И хокеарот Мајк Ангелидис се приклучи во кампањата за одбрана на името Македонија

„Јас сум Канаѓанец со македонско потекло и шокиран сум што Западот ја принудува Македонија да го смени своето име, да го смениме нашиот идентитет, со цел да ги исполниме желбите на друг народ. Ги повикувам сите истакнати Македонци да го искористат своето влијание за да обезбедат меѓународна поддршка за нашите човекови права. Нашето име е Македонија". Ова за Македонското меѓународно движење за човекови права го изјави Мајк Ангелидис (Ангелевски), поранешниот хокеар на Националната хокеарска лига (National Hockey League/NHL).

„Има и други влијателни личности од Македонија кои не излегуваат во поддршка на својата етничка група, велејќи дека се работело за „политичко“ прашање. А сепак гледаме како познати личности од другите етнички заедници, кога е тоа неопходно, без двоумење стануваат во одбрана на своите човекови права.

Ангелидис е по потекло од Арменско и Буф, во Егејска Македонија. Тој вели дека со Преспанскиот договор ќе се смени идентитетот на Македонците дури и ако тие живеат надвор од Република #Македонија. Оттаму, Ангелидис прашува: 'Како може Западот да ѝ наметне нов идентитет на цела една етничка група за да ги задоволи интересите на друга држава која си поставила за цел нејзино уништување? Грција веќе ги смени имињата на стотици илјади Македонци, вклучително и моето, во обид да го избрише нашето постоење'.

Со Договорот од Преспа се кршат човековите права на цела една држава и етничка група, во обид да се исполнат целите на една расистичка надворешна политика, и на тоа мора да се реагира“, се вели во соопштението на ММЧДП, македонска организација од Торонто.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе