Оваа македонска организација од Канада бара Русија и Кина да стават вето на каква било промена на македонското име и идентитет.
ММДЧП побара поддршка за да се одбрани македонското право на самоопределување, и појасни дека „западните империјалистички цели за проширување на НАТО со нови членки – при што на Грција ѝ се помага во нејзианта цел да се избрише македонската нација – мора да бидат итно спречени.
Го повикуваме претседателот Ѓорге Иванов да преземе итни мерки и да поднесе негово барање до ОН, како претседател на Република Македонија. Ги повикуваме сите земји – членки на ОН да ја почитуваат Повелбата на ОН и притоа да ги почитуваат и бранат правата на Македонија и на македонскиот народ“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права.