ММДЧП ги повика членките на НАТО да не гласаат за прием на Македонија под наметнатото име

Земјите членки на НАТО кои сѐ уште не гласале за ратификување на приемот на Македонија да го отфрлат барањето за членство во НАТО под наметнатото, расистичко име „Северна Македонија", да бараат да се стави крај на принудното преименување и да почнат навистина да се залагаат за идеалите кои НАТО лажно тврди дека ги застапува, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права.

„НАТО тврди дека негова мисија е да ги промовира демократските вредности и да им овозможи на членките да се консултираат и да соработуваат во својата одбрана и во прашања поврзани со безбедноста, да решаваат проблеми, градат доверба и долгорочно да спречуваат конфликти. И покрај ова, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг велеше дека за Македонија „не постои можност да се влезе во НАТО без промена на името“. Да тврдиш дека промовираш демократски вредности, а во исто време приндуваш држава да си го смени името, идентитетот и историјата , ете во што се претвори НАТО“, се вели во соопштението на ММЧДП.

„Грција најавуваше дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО сѐ додека земјата не си го смени името. НАТО, предводено од САД, на сила ја натера Република Македонија да си го смени името во „Северна Македонија“, а Македонците да го сменат својот идентитет во „северномакедонски“. Со ова моравме да ги задоволиме барањата на Грција, држава која признава дека сака да ја избрише Македонија од мапата. Грчката Влада јавно го славеше Преспанскиот договор, кој западот ѝ го наметна на Македонија и со кој се смени македонското име, а воедно на Македонците во Грција им ги негира основните права на свој личен идентитет. Членот 7(2) од договорот и го препушта името „Македонија“ на Грција. Членот 8(5), пак, наложува дека комисија составена од грчки дипломати можат ќе ја пишуваат македонската историја и македонските учебници.

Бруталната иронија тука е во тоа што Грција го забрануваше изразот „Македонија“ од 1913 година (по поделбата и анексијата на Македонија од страна на Србија, Грција, Бугарија и подоцна Албанија) и го негираше постоењето на Македонија сѐ до 1988 година, кога настапи драматичен пресврт во нејзината политика и кога Грција почна кампања чија цел беше да го измами и да го убеди светот дека Македонија всушност е грчка. Земјите членки на НАТО веќе го знаат ова, но или не им е грижа, или им е страв да ѝ се спротистават на Америка.

Ако НАТО беше навистина заинтересиран да ги „промовира демократските вредности“ или да „гради доверба“, тогаш веднаш ќе го отфрлеше принудното менување на името и идентитетот на Македонија и Македонците. Ако беа заинтересирани Македонија да влезе во НАТО поради некој нивен алтруистички сон, тогаш ќе инсистираа тоа да се случи под името Македонија. Ќе се обидуваа да ги претстават предностите од членството во НАТО, наместо да шират лаги за нивната наводна одбрана на демократијата“, соопшти ММЧДП.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе