Реакција

ММДЧП: Бараме Русија и Кина да стават вето на сите обиди за менување на македонското име

„Меѓународната заедница мора да се обедини во заштита на демократијата и владеењето на правото. Ги повикуваме земјите членки на ОН да стават крај на принудното спроведување на Преспанскиот договор и да соопштат дека тие не го поддржуваат менувањето на македонското име во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

„Бараме поддршка за да се стави стави крај на промената на името која ни е наметната од Западот. Нелегитимниот 'премиер' Зоран Заев ја измами меѓународната заедница и ја убеди дека Македонија го сменила своето име и покрај тоа што претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша нелегалниот и со сила наметнат документ за менување на името на Република Македонија. Македонија не го смени своето име. Членот 75 од македонскиот Устав јасно вели дека секој закон мора да биде потпишан од претседателот“, вели здружението и додава дека бара да се поднесе барање пред Генералното собрание на ОН за почитување на принципите на ОН и владеењето на правото и да се дозволи итен прием на Република Македонија под нејзиното вистинско име.

„Бараме Русија и Кина, како членки на Советот за безбедност на ОН, да стават вето на сите обиди за менување на македонското име.

Ја повикуваме Турција и другите членки на НАТО кои се заинтересирани за заштита на демократските принципи и меѓународното право да го отфрлат секое менување на македонското име и да стават вето на приемот на Македонија под името 'Северна Македонија' или било кое друго неуставно име“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, Канада.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе