ММДЧП бара ВМРО-ДПМНЕ да преземе акција и да ја одбрани Македонија

Ги повикуваме Македонците да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја легитимираат „Владата" на Заев и веднаш да почнат со бојкот на Собранието, да се спротистават на заканите на Заев и да ги повикаат сите пратеници да го осудат менувањето на името, бараат членовите на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто.

Оваа организација бара од опозицијата да организира масовни протести во соработка со сите кои ја бранат Македонија, да почнат со граѓанска непослушност, да апелираат до сите држави кои го поддржуваат правото на Македонија на самоопределување и да инсистираат Обединетите нации да застанат во одбрана на Македонија, вклучително со барање ОН да ги почитува своите сопствени правила и да ја прими Република Македонија под нејзиното вистинско име.

ММЧДП смета дека е загрозен македонскиот суверенитет, човековите права и изразената волја на народот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе