Дијаспора

ММДЧП бара одбрана на Македонија од македонските политичари

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто смета дека на 19 октомври се одржало уште едно нелегално заседание на македонското Собрание на кое пратениците од опозицијата, со особен фокус на жените, беа задржани во законодавниот дом од страна на владата на Зоран Заев, инсталирана ода САД, при што беа уценувани, поткупувани и заплашувани со затворски казни. Тоа се случуваше сѐ дододека не се согласија да ги следат наредбите и да го сменат името на Македонија, нејзиниот идентитет, историја, и идентитетот на милиони Македонци низ целиот свет, се вели во соопштението на ММДЧП.

„Оваа брутална политика ѝ е наметната на Македонија од страна на САД и ЕУ со цел да  се задоволи Грција, која пак ветува дека ќе се откаже од своето право на вето за да дозволи отпочнување на преговори за потенцијално членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Западот можеше да го укине правото на вето на една земја во НАТО и ЕУ, или едноставно да ѝ наложи на Грција да не го користи своето право на вето. Но, Западот избра да ја нападне земјата со политичари кои докажаа дека не се способни да се бранат себе си.
За разлика од македонските политичари, Македонците веќе се на нозе и бараат нашите човекови права и правото на самоопределување да се брани одлучно.
За Западот - или ќе ги браните принципите кои тврдите дека ги почитувате, или ќе бидете соучесници во уништувањето на цела една етничка група. Нашето име е Македонија и никој нема право да го менува“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права.
 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе