Реакција

Министерство за здравство: не е отворена јавна набавка за мамографи, ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини

Министерството за здравство најостро реагира за денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во која, како што велат, се изнесени бројни невистини.

„Во однос на обвинувањата дека во Министерството за здравство има сомнителни набавки, сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во која се вели дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот со јавните набавки во Министерството за здравство. Ова е и доказ дека нема сомнителни тендери.

Согласно член 76 од Законот за јавните набавки Договорниот орган може, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот за јавна набавка, да спроведе технички дијалог со економските оператори. Со самото тоа што Министерството за здравство објавило технички дијалог и овозможило секој економски оператор да даде свои мислења и коментари, може да се види отвореноста и транспарентноста на самата постапка, иако Законот за јавни набавки дава можност да не се спроведе техничкиот дијалог. Во ова фаза на постапката (технички дијалог), 4 (четири) економски оператори доставија коментари и предлози во однос на тендерската документација и истите се разгледуваат од страна на стручни лица”, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека не е отворена јавна набавка за мамографи и бидејќи постапката се уште не е отпочната/објавена на ЕСЈН самите понудувачи немаат можност да поднесуваат понуди, поради што се поставува прашањето како би можело Министерството за здравство да фаворизира некој економски оператор кога постапката не е објавена, односно не е завршен техничкиот дијалог, кога немаме конечна тендерска документација, која се објавува по завршување на техничкиот дијалог во кој ќе бидат јасно наведено што се прифаќа, а што не од коментарите и барањата од економските оператори кои што учествуваа во истиот.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе