Соопштение

Министерот Спасовски незаконски ја попречува работата на Сидникатот на полицијата

Синдикат на полиција во Македонија го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да го препознае ова синдикално здружение затоа што е основано според законот и меѓународните акти и конвенции и да престане со попречувањето на активностите на синдикатот.

„Министерот за внатрешни работи со незаконско известување ја спречи работата на Синдикатот на полицијата и со тоа постапи спротивно на Конвенцијата, како основна повелба во која се поставени основите, правата и работата на синдикат како посебен тип на здружување. Врз основа на тие насоки од Конвенцијата, Законот за работни односи во член 186 предвидува дека синдикатот не може да биде распуштен или нивната дејност запрена по административен пат (решение) ако се основани и дејноста ја вршат во согласност со закон. Тука ќе напоменеме дека Синдикатот на полицијата е основан и дејноста ја врши врз основа на решение добиено од Министерството за труд и социјална политика како надлежно по истиот тој закон. Врз основа на член 202, дејствувањето на синдикат ќе се забрани со одлука на редовен суд и тоа доколку дејноста на тој синдикат е спротивна на Устав и закон", се вели во соопштението.

Овие одредби, како што се подвлекува, се добро насочени и дообјаснети во точка 139 од Упатствата за член 11 од Конвенцијата каде тој член ги заштитува здруженијата од неоправдано мешање на државата (Министерството како државен орган) што вообичаено вклучува одбивање за регистрација или распуштање на здруженијата и како друга форма на кочење на здруженијата од извршување на своите активности.

„Сметаме и веруваме дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со своето решение (незаконско известување) неоправдано се мешал и ја кочел работата во извршувањето на активностите на синдикатот, што не е во согласност како со законите, така особено не е во согласност со Конвенцијата за човекови права", се наведува меѓу другото во соопштението.

Синдикатот на полицијата го повикува Спасовски да постапи во согласност со членот 270 од Колективниот договор на МВР и посочуваат дека од министерот неколкупати писмено барале да ги исполни обврските зададени по сите точки од истиот член од договорот, но и обврските според членот 271 кои се предвидени за претставниците на синдикатот.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе