ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Ако е ова историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на прослава

Ако ова денеска е историски ден, откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава, а не да одат во Клубот на пратеници на затворена прослава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Според Милошоски, се гледа дека тие се срамат од ова што го прават, но, како што рече, се обидуваат преку пиар пропаганда да го претстават денот како некој голем успешен историски ден.

„Во Брисел денеска имаме две држави, од коишто едната Албанија реално ќе ги почне преговорите со отворање на реална меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите, туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш по година, две или покасно да ги започне преговорите со ЕУ“, изјави Милошоски.

Државата, според Милошоски, од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја која се стреми за членство кон ЕУ.

„Затоа сметам дека фотографијата од Брисел ќе ни послужи добро да ги препознаеме оние коишто во Македонија се неспособни и оние коишто во соседството се способни. И фотографија ќе биде многу добра за генерациите да се сеќаваат кои луѓе за краткорочна политичка кариера одлучиле свесно да играат улога на предавници“, изјави Милошоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски, рече дека Уставот по однос на прашањето со Бугарија нема да се смени.

„Тоа значи дека онаа прогноза што ја даде претседателот Пендаровски, оваа преземена обврска која што не може да се реализира, веројатно е дека ќе доведе до политика криза и истата ќе резултира порано или покасно со предвремени избори“, изјави Милошоски. 

Денес УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираше перформанс пред Владата, изложба наречена Искреност.

„Најдесно од мене се гледа колку искрено експремиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ни го соопштуваше датумот за почеток на преговори со ЕУ, кој освен фото можност и купи ден продај политика не се материјализираше во ништо друго. Ги гледавме во авиони како се сликаат, на социјалните медиуми, пред граѓаните во Шуто Оризари како лажат и предаваат. 

До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за јазикот кој повторно исто како неговиот претходник искрено пред македонската јавност изјави дека јазикот е заштитен, за само по неколку дена портпаролката на ЕК и министерката за надворешни работи на Бугарија да го демантираат. Повторно само лаги и предавства.

До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за историјата за која искрено тврдеше дека нема да биде дел од преговарачката рамка за потоа да видиме во протоколот кој го потпиша неговиот министер Бујар Османи дека е сосема спротивно на тоа што го тврдеше Ковачевски. Повторно лаги и предавства.

И сосема на крај е изјавата дека почнуваме со преговорите за после само неколку дена министерката Генчовска да каже прво Бугарите во Уставот па Македонија ќе ги почне преговорите. Повторно лаги и предавства.

Ни останува прашањето, ако се исто толку посветени на државните интереси колку што се искрени дали на некому се уште му е нејасно зашто македонскиот народ ги нарекува предавници“, изјави Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе