СДСМ

Михаилоски: 2.400 денари за секој студент за субвенционирани оброци

Убава вест за сите редовни студенти. Измената која ја иницираше и потекна токму од Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти е во финална фаза на реализација. Од први август започнато е аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти. Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик. Со ова, 40.000 активни студенти, секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци, изјави денеска Марко Михаилоски од СДММ.

„Со оваа мерка околу 15 милиони евра директно ќе завршуваат на трансакциските сметки на студетните. СДММ се води од интересите на студентите, на младите. СДСМ постојано инвестира во унапредување на условите за живот во студентските домови.

Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа, годинава започна и Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот „Стив Наумов“, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Сето ова се мерки и политики кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.

Како социјалдемократска младина, како одговорна партија продолжуваме со реализација на квалитетни и остварливи младински политики што се во интерес на секој млад човек. Обезбедуваме европски стандарди за студирање и работа дома, во својата татковина“, изјави Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе