Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави „Разговори за обнова на Македонија“

Мицкоски: Заевизмот паѓа, но остава проблеми, а ние имаме решенија

Трета година Македонија живее во кошмар. Заевизмот го јаде ткивото на Македонија. Секој ден тапкаме во место, а во многу области одиме назад. Неправдата е знак на оваа власт, неработата е нивна одлика, неспособноста е нивен карактер, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното видео обраќање.

„Нема правда, нема проекти, нема пари за народот, нема систем, нема грижа, нема идеја.

Тие ја рушат државата, ја рушат среќата на луѓето, ја рушат иднината.

Наместо да градат – тие крадат. Ветувањата станаа лаги, системот не функционира, криминалот царува, државата е украдена, луѓето се измамени. Едно е јасно – тие паѓаат. Врхушката сочинета од арамии губи тло. Заевизмот колабира!“, вели Мицкоски во обраќањето до граѓаните.

Според него, власта секој ден ја губи моќта и, како што вели, „ќе заврши со голем трескот“.

„Тие се свесни за тоа, затоа се нервозни, затоа кршат закони, затоа уште повеќе рушат, и затоа уште повеќе земаат рушвет. Очајни се, слабоста ја гледаме во нивните очи, немоќта во изразите на нивните лица. Готови се. Тоа секому му е јасно. Изгубија.

Македонија го преживеа и ова зло. Заевизмот се руши и доаѓа време да се сведат сметките, доаѓа време за одговорност, доаѓа време за правда, и правда ќе има“, вели тој.

Мицкоски најавува „обнова на Македонија“, за што требало знаење и мудрост.

„Ние не бегаме од проблемите, ние имаме решенија и одговори за нив. Ние ги знаеме проблемите и градиме програма за нивно надминување. Ние сакаме да го дознаеме и секој твој проблем почитуван граѓанину. Да знаеме што те притиска, тишти и измачува тебе како човек, кој е твојот проблем, кој е проблемот со кој се соочува твоето семејство, твојата улица, село, град, твојата фела, твоите блиски, твојата Македонија“, порачува Мицкоски.

Тој уште вели дека е време да се разговара и да се зафатат со работа за да „збрчеле машините, да згрмеле работниците, да се чујат интелектуалците, да се вратат луѓето и да се вратат насмевките на луѓето, осетно и реално да се зголеми стандардот на граѓаните, и стандардите во сите области“, најавувајќи „разговори за обнова на Македонија“.  

„Ние стартуваме со финишот на нашиот маратон кој ќе заврши со успех“, порачува Мицкоски.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе