Реакција

Мицкоски: Власта е уплашена и конструира лаги и измислици против мене

Се конструираат лаги и измислици и се дефокусира јавноста од тешкиот живот и инфлацијата бидејќи се плашат и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на обвинувањата на СДСМ за наводната негова вмешаност во случајот со продажбата на ниви во Делчево од директори во ЕВН.

„Јас сум навикнат за мене да се конструираат лаги, измислици и невистини, четири и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и најчесто тие што тоа го конструираат завршуваат со судски пресуди и треба да се извинат. Така беше многу пати во минатото, така е и сега и така ќе биде во иднината. Нормално, уплашени се, знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која ќе ја формира следната влада и знаат дека ќе треба да одговараат за криминалот ,па сега се обидуваат да растураат пердуви и да конструираат лаги и измислици и да ги поврзуваат со мене. Но, тоа мене дополнително ме мотивира да продолжам да работам онака како што и до сега сум работел, чесно, посветено, мотивирано така било и така и ќе биде. Се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од брилијантното однесување во парламентот, од инфлацијата, од тешкиот живот, од сите оние фаули што ни се случуваат секојдневно со тоа што нешто ќе поврзат негативно во општеството со мене. Да бидеме јасни и прецизни, јас верувам во презумпција на невиност, но исто така секој оној што се огрешил пред законот, родена сестра и брат да е, ќе одговара, времето на неказнивост на поединци во општеството заврши, времето на луѓето кои што мислат дека ќе си поигруваат со законот, заврши. Но тоа важи и за сите останати кои биле на линија на законот од едната или од другата страна. Затоа сакам да им порачам на сите оние конструктори и измислувачи на лажни вести дека продолжуваме понатаму да се бориме против криминалот и корупцијата, продолжуваме понатаму да ги реализираме проектите, а нормално повторно ние ќе се најдеме на суд и повторно нивниот партизиран суд, нивните партизирани органи на прогонот ќе треба да се извинат",  нагласи Мицкоски.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе