ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Советничката листа во Тетово предводена од Ангел Карапетров е обединувачка

Oд денеска ја почнуваме кампањата за овие, би рекол предвремени избори за советници, тука во општина Тетово. Очекуваме во оваа кампања граѓаните да кажат гласно НЕ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ, ијзави денеска во Тетово Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе советници од таа бројка што беше до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот е навистина предизвикувачки поради годишните одмори што ги користат нашите сограѓани.

Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. Сметам дека граѓаните тука во Тетово, на овие избори ќе гласаат против коалицијата на СДСМ и ДУИ. А, ќе гласаат ЗА ново, модерно и современо Тетово, и нормално ќе гласаат за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров.

Јас сум убеден дека тоа ќе биде листата која ќе направи многу за граѓаните на Тетово, и тоа е листата која ќе треба да покаже еден обединувачки карактер, граѓаните во Тетово тука да се обединат. Бидејќи само на тој начин можат нивните права да бидат презентирани и репрезентирани од страна на претставници во Општина Тетово, онака како што тие очекуваат.

Свесен сум дека ќе постојат и други кои ќе сакаат да го фрагментираат гласачкото тело во Тетово, но убеден сум дека граѓаните ќе бидат над таа ситуација, ќе го препознаат квалитетот и ќе го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе