ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Со Македонија управуваат остатоците на криминалниот и транзициски систем на Заев

 Македонија тоне, несигурноста е сеприсутна, во домашните компании ништо не се менува, а наплатата оди се потешко. Секој изминат месец е загуба за економијата. И ова не го зборувам на памет, туку ова ќе го поткрепам со неколку индикатори и со бројки, го почна своето денешно излагање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе почнам од конечниот извештај на Управата за јавни приходи за 2019 година. Даночните приходи предвидени од УЈП биле на ниво од 86,52 милијарди денари, а реализирани се 82,319 денари или тоа е за 4,8% помалку од тоа што било на почетокот на 2019 планирано да го реализира УЈП.

Буџетот за 2020 година е поголем за 5% од тоа што беше во 2019, а бројките говорат дека УЈП  како најголем полнач на буџетот всушност во 2019 година не успеала за цели 5% да го исполни она кое самата си го задала како цел. Или тоа е некаде околу 4,2 милијарди денари или цели 70 милиони евра помалку  од тоа кое што било планирано на почетокот на ланската годината. Ова значи дека економијата оди во погрешен правец, оди во бездна.

Само за месец декември 2019 година биле планирани околу 8,5 милијарди денари да бидат прибрани од страна на УЈП, а биле прибрани за 5,77%  помалку од истиот декември во 2018 година.

УЈП, даночните приходи ги темели на три столба. Првиот столб е данокот на добивка и тој е катастрофален односно за цели 24,49%  е понизок од тоа што било планирано на почетокот на годината. Данокот на личен доход е за 1,98% помал од тој што бил планиран и тоа е така само поради тоа што имавме зголемена даночна ставка заклучно со месец октомври. Доколку немавме зголемена даночна ставка, односно доколку не се извршеше груба пљачка на граѓаните и стопанството во Македонија и оваа ставка на потфрлање ќе беше двоцифрена. Кај ДДВ, данокот на додадена вредност имаат околу 0,15% помалку од планираното или се на се тој е приближно 5% помалку  од планираното или за цели 70 милиони евра потфрлање од тоа што било планирано на почетокот на 2019.

Втор индикатор дека имаме цунами економија односно катастрофа во економијата се бројните за бруто домашниот производ. Според извештајот на Светска Банка во периодот јуни 2017 – 2019 година декември, растот на македонската економија е приближно 2, 14 %. Растот на БДП во ЕУ за истиот период беше 2,2 %. Периодот јуни 2006 - декември 2008 година растот на БДП во македонската економија е 5,7 %, додека пак растот на БДП во ЕУ за тој период беше 2,32 % . Со други зборови за 2, 5 пати за истиот тој период бил поголем растот БДП во Македонија споредено од тоа што е сега.

Според Народната банка на Република Македонија заклучно со третиот квартал 2019 година странските инвестиции се околу 113 милиони евра. Или споредено со истиот период од 2018 година, кога стопанството беше под жесток притисок на информацијата дека од 1 јануари 2019  ќе се зголемуваат даноците во нашата држава, биле инвестирани за 186 милиони повеќе отколку тоа што го направија лани. Ако ова го поедноставиме, лани заклучно со третиот квартал имаме за 186 милиони евра помалку директни странски инвестиции отколку за истиот период 2018 година“, рече Мицкоски.

Тој ги спореди овие податоци со Србија каде истиот тој период има 2, 6 милијарди евра директни странски инвестиции, Словенија има 695 милиони евра, соседна Бугарија има 460 милиони евра...

Мицкоски вели дека паѓа и индустриското производство поради високата база од првиот квартал 2019, овој пад ќе се случува и во првиот квартал во 2020 година.

Бројот на работници во индустријата паѓа - од јануари месец 2019 заклучно со 30 ноември 2019 имаме за 1,5 % помалку вработени во индустријата од тоа што го имавме за истиот период во 2018 година.

„Заев не е повеќе премиер но, со оваа држава управуваат остатоците на неговиот трул, криминален и транзициски систем. Потребно е да се порази тој систем преполн со афери скандали тендери во четири очи, виткање на кичма, лаги, измами, неправда криминал и корупција. Македонија нема избор. Македонија мора да оди вистински напред, горда достоинствена и со исправена кичма. Македонија мора да изгради општество на развиена економија, технолошки инвестициски тигар на Балканот и најважно за сето ова да се даде шанса на квалитетни професионалци и стручни луѓе. По 12 април доаѓа обновата на Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека имаат сериозни индиции за злоупотреба и прекршување на законите и овластувањата во последните денови од мандатот на Зоран Заев и дека сето тоа ќе биде презентирано и изнесено пред јавноста.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе