Мицкоски: СДСМ и Заев со незаконските случаи Талир 1 и 2 ги замрзнуваат ресурсите на ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори

Претседателот на ВРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за судските предмети „Талир 1“ и „Талир 2“ денеска изјави дека се работи за тотално незаконски случаи, се со цел за да се замрзне имотот и ресурсите на ВМРО-ДПМНЕ. Намерата на СДСМ и Заев со ова, е да си овозможат дополнителна предност на локалните избори, изјави Мицкоски. 

„Запомнете го името на Митко Сандев, судија поротник кој ги исполнува условите да замине во пензија, но поради притисок од претпоставените тој не оди во пензија. Се со цел да се држи ВМРО-ДПМНЕ како дел од случаите “Талир 1” и “Талир 2” иако тие случаи се почнати 18 месеци по истекот на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Целта е да се зароби имотот, да се заробат ресурсите на ВМРО-ДПМНЕ за да може на избори Зоран Заев и СДСМ наместо од стартно – целната рамнина да ја трчаат трката до 100 метра, да трчаат од 50-тиот метар“, изјави Мицкоски.

Митко Сандев, рече тој, е човекот кој денеска му служи како алатка на Судот, а директно и на Заев.

„Сандев е исто така дел од статутарната комисија на партијата на пензионери. Иако ги исполнува условите за пензија, тој седи спротивно на сите закони таму кај што седи за да практично му овозможи на СДСМ и Зоран Заев дополнителна предност на овие локални избори со што ќе ги држи активни предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Да потсетам уште еднаш за овие предмети, незаконски спротивно од сите законски рокови е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе