Мицкоски на средба со Орбан во Будимпешта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес и утре е ќе биде во работна посета на Виена и на Будимпешта.

Во Виена, како што соопштија од партијата, ќе има средба од научен карактер, размена на искуства и информации поврзана со неговата професорска дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, додека со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Будимпешта ќе се сретнат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

На средбата се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на претстојниот Конгрес на Европската Народна Партија и изборот на новото раководство.

По средбата со Орбан, Мицкоски и Николоски се враќаат во Скопје, каде на 2 август Илинден ќе предводат делегации по повод државниот празник. Мицкоски ќе се обрати на народниот собир во струшкото село Ташмаруниште, додека Николоски ќе предводи партиска делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево. Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе и на народниот собир и прослава на Пелинце.

           

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе