Мицкоски му се пожали на Жбогар: Наместо реформи, гледаме криминал и прогон во државата

Aктуелната политички ситуација, стратешките приоритети како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија беа теми на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски со aмбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.

„Наш стратешки интерес и приоритет е членство во Европската Унија. Но, изразуваме загриженост бидејќи имаме најслаб резултат во полето на реформите кои се од суштинско значење за интегрирање на државата во ЕУ, затоа што оваа влада нема капацитет да ги спроведе потребните реформи“, рекол Мицкоски.

Тој посочил дека Владата и Заев не покажуваат суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори, и наместо реформи гледаме криминал, прогон и закани врз новинарите, опозицијата и сите неистомисленици на власта.

„Политичкиот прогон врз опозицијата е со цел да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, криминалните скандали кои се случуваат како и дека на Македонија ѝ се потребни суштински реформи и функционирање на обвинителскиот и правосудниот систем според начелата на непристрасност и законитост. Фрапантна е незаинтересираноста на обвинителството за криминалот на власта“, посочил Мицкоски и додал дека подеднакво загрижувачка е и економската состојба на граѓаните кои секојдневно се осиромашуваат од неодговорната влада, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе