Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук

Мицкоски: Го разбирам Заев

„Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија. Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се согласам на асимилација на македонскиот народ", напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија, објави денеска на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија. Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се согласам на асимилација на македонскиот народ", наведува Мицкоски во објавата.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев не сака лидерска средба поради неговиот „јасен и прецизен став" што го изнел пред Владата за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство.

„Заев не го слушнавме тоа да го направи. И конечно, проектот СДСМ и Зоран Заев заврши!", додава Мицкоски.

Тој во објавата се осврнува и на претстојните избори за градоначалници на Штип и Пласница, потенцирајќи дека власта ги распишала изборите во време кога „имаме 30 до 40 починати дневно од Корона".

„Истата таа власт самата, како во Северна Кореја, ќе си гласа градоначалници. Нека им е со среќа, но ниту еден загубен човечки живот не е помалку вреден од политичката кариера на Зоран Заев", вели Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе