ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до европратениците: Власта доцни со евроагендата

Лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата беа теми на разговорите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во канцеларијата на ЕУ имаа работен ручек со европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук и евроамбасадорот Самоел Жбогар.

На средбата Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви едни услови создадени од власта, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот Жан Моне, ценејќи ја неговата функција, но неоправдувајќи ги методите со кои се служи власта.

Мицкоски посочи дека корупцијата и криминалот останува еден од главните проблеми во државата, како и недостатокотот на правна држава и владеење на право. Власта создава систем во кој имаме зависно судство, политизирано обвинителство кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите врзани со европската агенда која не е приоритет за актуелната влада.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата, и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе