Иницијативен одбор за свикување вонреден конгрес

„Мицкоски да поднесе оставка и да го закаже вонредниот конгрес заради угледот на ВМРО-ДПМНЕ“

Христијан Мицкоски не е човек од збор. На Христијан Мицкоски не може да му се верува, вели Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Сè уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е потпросечен спаринг-партнер на Зоран Заев, кого овој на секој изборен циклус си го користи за да симулира дека има политички опонент со кого наводно се натпреварува.

Пред скоро една година, во октомври 2019, Мицкоски најави дека ќе поднесе оставка доколку по втор пат загуби на избори. Оставка најави дури и ако победи, но не успее да формира влада.

Изборите ги загуби, влада не формираше, а оставка нема.

На 15 август најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го оспори пред Уставниот суд доделувањето на мандат на Зоран Заев.

Ништо не се слушна ниту за најавената иницијатива, ниту пак имаше некакви протести.

Членството се сомнева дека и тоа било глума за да се одвлече вниманието од сопствената одговорност и да се продолжи улогата на спаринг-партнер на Заев што ќе биде поразуван на секои наредни избори.

Генералниот секретар Игор Јанушев вчера му врачи мандатно писмо на Зоран Заев во името на народот, но иницијативниот одбор сака да го потсети на мандатното писмо што членството и вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ му го упатија на сè уште актуелниот претседател пред цели три години.

Во тоа мандатно писмо имаше три точки. Да ја обедини партијата, да ги подобри односите со меѓународните партнери и коалицискиот капацитет и да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победничка патека.

Ниедна од трите обврски на Христијан Мицкоски не е исполнета. Напротив. Партијата е поподелена од кога било. Партијата е поизолирана од кога било, а се губат неколку изборни циклуси по ред.

Затоа одговорност мора да има. Доколку не заради зачувување на сопствениот образ, тогаш заради угледот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски треба да поднесе оставка и да го закаже вонредниот конгрес“, се вели во соопштението на Иницијативниот одбор.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе