Арт активизам Тетово

„Ми треба мојот простор“ - тетовски активисти бараат велосипедски патеки

Тетово е град без велосипедски патеки, потсетува организацијата „Арт активизам“ од Тетово која спроведе акција за будење  на свеста кај надлежните.

„Велосипедот е најдобро превозно средство, но истовремено е и ризично особено кога во градот нема велосипедска патека. Таков е и градот на Тетово“, алармираат од „Арт активизам“ од Тетово .

Во соопштението проследено со фотографии се вели дека група на активисти од Тетово ја реализира акцијата "Ми треба мојот простор" со цел да ја пренесаат пораката за недостаток на велосипедски патеки во овој град.

Акцијата "Ми треба мој простор" е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе