МАН: Владата прaви селекција на медиумите кои ќе ги следат владините конференции за медиуми

Македонската асоцијација на новинари (МАН) реагира на одлуката на Владата право на онлајн-вклучување на прес-конференциите да имаат „сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн-медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”.

Во регистарот на онлајн-медиуми наведен од Владата не се порталите Курир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер…

„Информативните интернет портали секаде во Европа се дигитален медиум равноправен со другите традиционални медиуми. Традиционалните медиуми, телевизии, радиа и весници се регистрирани во Агенцијата за медиуми, согласно постапка утврдена со закон во институција која работи според валидни закони. Иако МАН десет години инсистира и дигиталните медиуми, порталите, да бидат регистрирани равноправно во Агенцијата за медиуми Здружението на новинари ЗНМ и две други невладини органзизации заради свои финансиски интереси не се согласуваат со тоа, и регистрацијата не е извршена.

Во очекување на регистрација при Агенцијата за медиуми информативните портали се веќе три години здружени и регистрирани во меѓународната организација ИАБ Македонија. Неодамна, своја параоганизација за регистрирање информативни портали покрена токму ЗНМ кои десет години се против регистрација на порталите во законски овластената Агенција за медиуми во обид да имаат контрола врз медиумите и остварат профит низ приходи од финансиски грантови.

Во Македонија, повеќе од 15 години, како најмасовна организација на новинарското здружување постои Македонсоката асоцијација на новинари МАН која не дозволува параорганизации како ЗНМ да преземат овалстувања кои со закон и се дадени на легална и законски утврдена институција за регистрација на медиуми – Агенцијата за медиуми, а владата со оваа одлука го поттикнува токму тоа – го крши законот и на невладина организација ЗНМ и дава ингеренции кои со закон се веќе дадени на Агенцијата за медиуми.

Дали утре друга невладина организација под контрола на партии од власта ќе почне да издава лиценци на адвокати и судии наместо со закон утврдените институции?

Информативните портали се медиуми со еднаков статус како и традиционалните, и со доминација во индустријата на медиуми и информации, пред сите други медиуми. Владата може, сега кога ги има сите овластувања, со три збора да го дополни постојниот Член 1 од Законот за медиуми и во набројување на опишани медиуми да додаде: … како и информативни интернет портали. Со тоа и статусот ќе биде решен равноправно со другите медиуми, што е пракса во сите држави во Европската унија каде информативните интернет портали имаат еднаков статус со другите традиционлани медиуми.

Или, владата како сега ќе врши создавање на параинституции и парарегулатори на медиумите за да се заштити себеси од новинари и медиуми кои не се под контрола на владеачките партии, и со незаконско давање ингеренции на невладина организација кои, по закон, припаѓаат на законски утврдената институција – Агенција за медиуми.

МАН бара Владата веднаш да ја повлече својата одлука и да не влегува во опасни преседани и обиди да создава партиски параниституции, денес во медиумите а утре и пошироко“, се вели во соопштението.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе