Mакедонски концепт ја поздравува одлуката на ЕУ за почеток на преговори

Тргнувајќи од нашата стратешка определба за полна евро-атлантска интеграција на Македонија, со радост и воодушевување ја примивме веста за одлуката на ЕУ да почне пристапни преговори со нашата земја. Им честитаме на сите Македонци, без разлика на кој етнички, верски, политички или друг идентитет го носат во себе, се вели во соопштението на Македонски концепт.

„Ова е огромен успех за сите нас и за нашата држава. Сега имаме јасна перспектива кон иднината, а тоа е целосна европеизација на македонската држава и општество. Им честитаме на сите оние кои активно работеа да биде донесена оваа одлука.

Се залагаме за деидеологизација на македонското општество, како единствен начин да дојдеме до политичко и идеолошко помирување помеѓу нашите граѓани. Алтернатива на „идеологиите“, кои доволно не ги спознаваме во овој момент од развојот на македонската Република, ги заменивме со европеизација, процес кој е суштински за нашата држава во следниве десет плус пет години (10 + 5 години). Во таа смисла, одлуката на ЕУ е остварување и официјална промоција и на идеолошката платформа на Македонски концепт.

Очекуваме политичките фактори и сите останати во државата, заеднички да ги мобилизираме и да ги вложиме сите наши капацитети тој процес на европеизација на државата и општеството, колку може повеќе, да го поддржиме, да го олесниме, да го намалиме времетраењето, а за многу кратко време и да ги констатираме нашите први успеси во спроведување на пристапните преговори со ЕУ. Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, без никаква дилема“, се вели во соопштението на Македонски концепт.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе