Македонски концепт бара да се формира национален економски совет

Македонски концепт до Владата достави предлог уредба за формирање на национален економски совет, заради создавање на услови за економско и финансиско стабилизирање на Македонија, поради вонредната состојба предизвикана од ковид-19.

„Предлагаме националниот економски совет да има советодавно–консултативна улога во креирање и имплементација на економски стратегии и политики со задача да дава конкретни мерки, предлози, мислења и препораки за надминување на економската криза во државата. На тој начин, наместо лицитација на економски мерки, ќе имаме синхронизација на мерките, врз основа на релевантни влезни податоци и изградени врз научна и искуствена основа.

Во националниот економски совет предлагаме да членуваат: претседателот на Владата на Република Северна Македонија, членови на Владата од финансискиот и од економскиот сектор, потоа претставници на МАНУ, гувернерот на НБРМ, директорот на ДЗС, редовни и вонредни професори по економски науки делегирани од универзитетите, претседателите на стопанските комори, претставници на невладини организации и други членови делегирани од Владата“, соопшти Македонски концепт.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе